Припадниците на овие хороскопски знаци ја кријат својата страст сè додека не се целосно опуштени
Некои знаци покажуваат емоции и привлечност од првиот момент, додека други ја кријат својата вистинска страст сè додека не почувствуваат доверба и сигурност. Нивната енергија не е послаба, напротив, таа е често поинтензивна од другите, но излегува на површина само кога се целосно опуштени.
Девицата е знак кој набљудува и анализира сè. Таа не дозволува страста да ја совлада пред да почувствува дека е во вистинската средина. Само кога е убедена дека нејзиниот партнер е искрен и доверлив, Девицата ја покажува својата длабока и интензивна страна што може да изненади.
Јарецот делува ладно и резервирано, но зад таа слика лежи силна страст. Тој чека момент кога ќе почувствува дека може да се потпре на партнерот. Кога ќе се отвори, покажува неверојатна посветеност и страст што трае.
Ракот може да изгледа нежен и чувствителен, но токму затоа ја резервира својата страст за посебни моменти. Кога се чувствуваат емоционално сигурни, Ракот открива страна од себе што може да биде исто толку интензивна и моќна како и најстраствените знаци.