Природна „бомба“ во бикини: Нејзината фигура е поубава од било кога

Ева Лонгорија одмара со семејството во Марбела, а нејзината затегната и витка фигура во преден план повторно воодушеви многумина со фотографиите во бикини.

За познатата актерка Ева Лонгорија (49) велат дека е една од најубавите жени на светот, а нејзината зашеметувачка фигура не престанува да маѓепсува и на 50-годишна возраст.

Пред неколку месеци реши да ја напушти Америка и да се пресели во Шпанија со семејството, а Божиќ го помина таму – како поинаку, освен во бикини .

Познатата актерка, најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, со сопругот Хозе Бастон и нивниот син Сантијаго (6) го поминува својот одмор во Марбела, каде објави неколку семејни фотографии, но и засени многу колеги со целосно природен изглед .

Актерката била пресреќна што позирала без шминка, а ги покажала сите „несовршености“ додека седела во бикини, а нејзината затегната фигура и негуваната кожа навистина тешко се забележуваат, поради што важи за една од најубавите жени во Холивуд.

„Без работа“, напиша Ева Лонгорија со објавата 
.

Последниве месеци нè изненадува со совршени тоалети на црвените теписи и не знаеме кој и стои подобро, а кој повеќе и прилега, па не е чудно што под фустаните, во бикини, „змиско тело“ се крие.