ПРИСИЛА ПРИСЛИ САКА ДА ГО ОСПОРИ ТЕСТАМЕНТОТ НА ЌЕРКАТА! По смртта на познатата наследничка започна НАЈВАЛКАНАТА БИТКА: Нејзините адвокати веќе работат!
Присила Присли сака да го оспори тестаментот на нејзината ќерка Лиза Мери Присли, која почина пред две недели на 54-годишна возраст, а нејзините адвокати поднесоа приговор тврдејќи дека тестаментот е неважечки.
Според овој тестамент, кој е напишан во 2016 година, Присила се повлекува од позицијата управител на имот, а адвокатите тврдат дека името на Присила е погрешно напишано, а нејзиниот потпис не е оригинален.
Во документот поднесен во Врховниот суд во Лос Анџелес, адвокатите на мајката на Лиза Присли велат дека Присила дознала за „наводниот амандман од 2016 година“ дури по смртта на нејзината ќерка. Замената како управник значи дека таа повеќе нема да го надгледува имотот на своето дете. Не е познато колку вреди имотот, но во последните години се појавија информации за финансиските проблеми на ќерката на Елвис, наведува „CBS News“.
Според тестаментот, на поранешниот менаџер на Лиза, Бери Сигел, му е прекинато и правото да го контролира нејзиниот имот, а тоа право во 2016 година како состаратели им било дадено на нејзините деца, синот Бенџамин, кој извршил самоубиство во 2020 година, и ќерката Рајли Киу.
Присила Присли тврди дека никогаш не ѝ бил доставен спорниот документ и покрај тоа што се барало да го стори тоа според неговите услови. Судската постапка доаѓа помалку од една недела откако семејството на Лиза Присли присуствуваше на јавна комеморација во нејзина чест во семејниот имот Грејсленд во Мемфис, Тенеси. Присила потоа прочитала песна напишана од нејзината 14-годишна внука. Сите три ќерки на Лиза Присли беа на настанот.
Судскиот вештак во округот Лос Анџелес се уште не ја објавил причината за смртта на славната пејачка и текстописец. Како што пишува „TMZ“, Лиза за кратко време пред смртта ослабела 20 килограми. Шест недели пред да се појави на минатомесечното доделување на Златните глобуси во Лос Анџелес, таа беше подложена на естетска операција и почна да пие апчиња за слабеење. Нејзиното семејство открило дека таа во исто време земала недозволени супстанци.
Пријателите на Лиза изјавиле дека пејачката би сакала нејзините деца да го наследат нејзиниот имот, пишува „Дејли мејл“.