ПРИСТИГНАА РЕЗЛУТАТИТЕ ОД НАЈНОВИТЕ АНКЕТИ ВО САД – Поддршката за Џо Бајден никогаш не била помала, неговиот рејтинг е во “слободен пат“

Популарноста на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, е речиси на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат, што укажува на проблемите што го очекуваат на претседателските избори следната година, покажува новата анкета на медиумската агенција Reuters.

Тридневната анкета, која заврши во неделата, покажа дека само 40 отсто од испитаниците го поддржуваат Џо Бајден, што е малку повеќе од 39 отсто во ноември. Маргината на грешка е три процентни поени.

Се очекува дека во ноември 2024 година, Џо Бајден ќе се соочи со поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит за републиканската номинација. Други анкети покажуваат дека потенцијалната трка меѓу нив ќе биде тесна.

Анкетата покажа дека Американците сметаат дека економијата, криминалот и имиграцијата се главните проблеми со кои се соочува земјата, токму за што Донадл Трамп и другите републиканци го критикуваат Џо Бајден. Деветнаесет отсто од испитаниците ја оцениле економијата како главен проблем, единаесет отсто рекле дека тоа е имиграцијата, а десет отсто криминалот.

Рејтингот на Џо Бајден не надмина 50 отсто од август 2021 година, а најновата анкета покажа дека тој е близу најниско ниво од 36 отсто во средината на 2022 година.