АВСТРАЛИЈА ВО ПЛАМЕН – Над 50 пожари ги зафатија овие делови, екстремна опасност и се заканува на цела држава!

Големи делови од Австралија денес се зафатени од топлотен бран, а во неколку австралиски држави е издадено предупредување за пожар.

Повеќе од 50 пожари горат денес во Нов Јужен Велс, а целосна забрана за собири на отворено е на сила за многу области на австралиската држава, вклучувајќи го и Сиднеј.

Предупредувања за топлотен бран и шумски пожари се исто така во сила за делови од Западна Австралија и Северната Територија, додека само предупредување за топлина има во Јужна Австралија.

Во градот Фицрој Кросинг, во Западна Австралија, за денеска се предвидува максимална температура од 46 Целзиусови степени, што е за пет степени повисока од просечниот декемвриски максимум, објавија метеоролозите.

Во Австралија, пожарите во 2019 и 2020 година уништија област со големина на Турција и загинаа 33 луѓе.