ДОКОЛКУ ПАТУВАТЕ ОВДЕ ВНИМАВАЈТЕ! Прекин сообраќајот на патот Кичево – Гостивар поради сообраќајка

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Гостивар, кај местото викано „Тајмишка раскрсница“, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ.

Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:11 часот.

Од ЈП „Македонија пат“ појаснуваат дека се очекува брза нормализација на сообраќајот.