ПРИСТИГНУВА НОВА ГОЛЕМА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Канада инвестира милиони евра во вооружување на Армијата на Володимир Зеленски
Канада ќе придонесе 23 милиони евра во партнерството предводено од Велика Британија, чија цел е купување опрема за против-воздушна одбрана за Украина за да и помогне да се одбрани од руски ракетни и напади со беспилотни летала, најави денес канадскиот министер за одбрана, Бил Блер.
Бил Блер објави дека оваа сума е дел од воената помош за Украина во вкупна вредност од околу 469 милиони евра што канадскиот премиер Џастин Трудо ја објави во јуни, пренесува медиумската агенција Reuters.
Партнерството за помош, кое ги вклучува и САД, Холандија и Данска, се обидува да купи стотици проектили за системи за против-воздушна одбрана со краток до среден дострел.
Од почетокот на војната во Украина, Канада донираше повеќе од осум милијарди kанадски долари помош, вклучително и околу 1,8 милијарди канадски долари воена помош.