Приходите од руската нафта и гас се намалени за 52 отсто во периодот јануари-април

Руските приходи од извозот на нафта и гас изнесуваат 2,3 трилиони рубљи или 30,2 милијарди долари.

Приходите на Русија од нафта и гас се намалени за 52 отсто на годишно ниво во првите четири месеци од оваа година, објави Министерството за финансии на Руската Федерација, пренесува Анадолија.

Руските приходи од извоз на нафта и гас изнесуваат 2,3 трилиони рубљи или 30,2 милијарди долари.

Министерството го припишува падот на приходите во периодот јануари-април на „падот на цените за нафтената мешавина на Урал и намалувањето на обемот на извозот на природен гас“.

Вкупниот буџетски дефицит во истиот период изнесува 3,4 милијарди рубљи, објави Министерството, додавајќи дека и вкупните буџетски приходи се намалени за 22 отсто на 7,8 милијарди рубљи во споредба со истиот период минатата година.