Во текот на летото многу луѓе може да се соочат со запек.
Имено, високите температури за време на топлотниот бран влијаат и на нашето тело. Една од промените може да се забележи кај најчестите дигестивни нарушувања, за кои гастроентерологот д-р Рабија де Латур ги открива најчестите причини.
Таа покажа дека главната причина за запек во текот на целата година, а особено за време на топлотниот бран, е тоа што не сме доволно хидрирани.
„Секогаш кога сте дехидрирани, првиот начин на кој телото се справува со тоа е да ги концентрира урината и столицата. Телото ќе црпи вода од столицата и ќе ја апсорбира. Ова ја прави столицата поцврста, а урината потемна бидејќи е поконцентрирана“, вели експертот.
Таа додава дека кога не пиеме доволно вода, столицата не е доволно мека и потешко поминува, што доведува до запек.
Лекарот објаснува дека постои едноставно решение за овие дигестивни нарушувања. Сè што треба да направите е да пиете доволно течности.