Пријава за нарушен јавен ред и мир помеѓу малолетници и вработени во болницата во Кавадарци

Пријава за нарушен јавен ред и мир помеѓу малолетници и вработени во болницата во Кавадарци е поднесена до полицијата, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол во СВР Велес. 

– По претходна пријава за нарушен јавен ред и мир помеѓу малолетници и вработени во болницата во Кавадарци, во дворно место на ЈЗУ Општа болница Кавадарци,  во 00.20 часот упатени се полициски службеници на лице место, каде се затекнати  повеќе малолетни  лица и двајца вработени во болницата, појасни Самарџиев. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.