Пријави за семејно насилство во Куманово и во Тетово: “Син си ја нападнал својата мајка, додека во другиот случај сопругот си ја нападнал сопругата“

Два одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во полиција во текот на вчерашниот ден. Во кумановско, син ја нападнал неговата мајка, додека во тетовско сопругот ја нападнал сопругата. 

-Полициски службеници од СВР Куманово во 22 часот, го лишиле од слобода С.Н., на возраст од 52 години, од кумановско село, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 74-годишна мајка. Тој бил задржан во полициска станица, соопшти МВР. 

Претходно, во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.С., на возраст од 22 години, од тетовско село, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга. 

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.