“Пријателите ме предупредија, но јас не ги слушав!“ – Девојка раскажува како овој моден детал и го променил животот (фото)
Еве зошто не треба премногу често да носите огромни обетки!
Поради убавината често знаеме многу работи да издржиме, меѓу кои е и болката. Една од тие работи се тешките и огромни обетки, попознати како алки. Никол Тиеран (21 г.) не можела да замисли да излезе од дома без нив. Таа во својата колекција има гломазни обетки со различни форми и големини – тркалезни, златни, сребрени…
И сите тие изгледаат убаво на ушите. Сепак, како и во сè, потребна е умереност. Поради честото носење огромни и тешки обетки, Никол направила дупка. Докторите предупредуваат дека покрај естетските ризици, може да се појават и сериозни здравствени ризици како резултат на големите модни детали на ушите.
Девојката сакала да го привлече вниманието и да ги предупреди другите, па решила ова непријатно искуство да го сподели на своите социјални мрежи. Кога луѓето виделе што и се случило, останале шокирани.
Како што кажала Никол, требало да ги слуша пријателите кога и рекле да не носи обетки.
„Девојки, сега знаете што да правите. Овој вид на накит е совршен за специјални прилики, но ако го носите премногу често, може да стане проблем“, им кажала таа на своите следбеници на социјалните мрежи.