„Пријателите“ се простија од Метју Пери: Трогателна објава на социјалните мрежи (ФОТО)

Беше вистински подарок за сите нас“, се наведува меѓу другото во пораката

Светот утрово беше шокиран од веста дека популарниот актер Метју Пери е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Колегите и фановите на Пери се збогуваат со својот омилен Чендлер преку социјалните мрежи, а на официјалниот Инстаграм профил на серијата „Пријатели“ беше објавена проштална порака во име на сите кои работеа на овој проект, како и на студиото Warner Bros. 

„Длабоко сме потресени од веста за смртта на Метју Пери. Тој беше вистински подарок за сите нас. Нашите срца се со неговото семејство, најблиските и сите негови обожаватели“, се вели во објавата .

Да потсетиме дека актерот бил пронајден мртов во џакузи од неговиот помошник, а полицијата не пронашла наркотици во близина на телото. Исто така, се наведува дека смртта не била насилна, дека во моментот на смртта немало никој во куќата, ниту дека некој се обидел да го убие. 

Екипите на итната помош го пронашле во несвест во кадата, а обидите за реанимација биле неуспешни. 

Се сомнева дека се работи за срцев удар.