НА ВОДИТЕЛКАТА И СЕ СЛОШИЛО СРЕДЕ ЕМИСИЈА ВО ЖИВО: Почнала да се тетерави, а потоа ПАДНАЛА ВО НЕСВЕСТ! Следела вистинска ДРАМА (ВИДЕО)

Водителката на информативната програма на Теледиарио Монтереј, Памела Вилануева, неодамна колабираше во студиото веднаш по завршувањето на разговорот со репортер кој се јавуваше од теренот. Девојката наеднаш се заниша, ја прекина реченицата, а потоа падна во несвест .

Што доведе до тоа ќе откријат лекарските прегледи, но Вилануева се врати на работа следниот ден.

“За жал, тоа не беше шега. Се онесвестив, но сега се чувствувам добро. Како и да е, ќе ги направам потребните тестови, а во меѓувреме им благодарам на сите кои се грижеа за моето здравје”, рекла таа.

Вилануева претпоставила дека изгубила свест затоа што тоа утро не појадувала добро, а во една од објавите од срце му се заблагодарила на камерманот Хуан Диего, кој успеал навреме да ја фати и да ја спречи да удри со глава на подот.

На својот профил на Инстаграм таа во понеделникот потврди дека им се вратила на обврските и се враќа во студио во полна форма.