Во декември од Ковид-19 починале 10.000 луѓе

Бројот на пријавени инфекции и болнички лекувања расте, само во декември починале околу 10.000 луѓе. За време на божиќните и новогодишните празници, поради многуте семејни и масовни собири и забави, е значајно пораснат бројот на заразени со коронавирус, алармираат од Светската здравствена организација.

Оттаму упатуваат повик до луѓето во цел свет да продолжат со вакцинирање, да носат маски во затворени простории и да се грижат за добро проветрување.

Бројките на болнички стационирани заразени лица со коронавирус кои стигнуваат до СЗО расте, во декември е забележано зголемување од 42 проценти во однос на ноември, а бројот на пациенти со Ковид на одделенијата за интензивна нега е покачен за 62 проценти.

Овие бројки се базираат на добиени информации од 50 земји од Европа и Северна и Јужна Америка, истакна Тедрос, но се смета дека бројот на инфекции се зголемува и во други земји, но тие веќе не ја информираат Светската здравствена организација.