ЧОВЕКОТ КОЈ ПРЕДВИДЕ КОГА ВЛАДИМИР ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ГО ОТКРИ НОВИОТ ПЕКОЛЕН ПЛАН НА УКРАИНА – Ова се трите главни цели што ќе ги измачуваат Русите

Првиот човек на украинската тајна служба, Кирило Буданов, е човекот кој предвиде на денот кога ќе се случи руската инвазија на неговата земја, смислуваше планови со кои и зададе сериозни удари на Русија, а сега има нова мисија и тактика.

Тој во едно интервју неодамна откри дека Украина сега има три главни цели, кои се дизајнирани да му зададат главоболки на Владимир Путин.

Според него, постојат три главни цели за новата кампања на Украина со беспилотни летала против Русија – да се истрошат руските против-воздушни системи, да се оневозможи воениот транспорт и да се оштетат воено производствени капацитети.

Секундарната цел е психолошка, да се создаде вознемиреност кај руското население и да се нарушат економските процеси во Русија. Сакаме да ги извадиме од нивната комфорна зона. Затворањето на главните аеродроми во Санкт Петербург и Москва, на пример, стана речиси секојдневна појава“, вели Кирило Буданов во интервју за Economist.

Тој зборуваше и за улогата на беспилотните летала во борбените мисии на безбедносните и одбранбените сили на Украина.

Дроновите секако ќе ги олеснат операциите за ослободување на нашите територии. Дроновите немаат страв. Не ги сожалувате“, вели Кирило Буданов.

Тој ги отфрли сугестиите дека новиот ударен капацитет ризикува да ескалира конфликтот или дека Украина ќе ја игра улогата на агресор.

Кирило Буданов
Кирило Буданов

Никој не верува дека Велика Британија или САД биле агресори во Втората светска војна, иако ја бомбардирале и територијата на Германија“, објасни Кирило Буданов.

Според него, од почетокот на војната се користат сите видови на конвенционално оружје, од подморници до стратешка авијација.

Војната беше константа за Русија во текот на нејзината историја“, додава Кирило Буданов, истакнувајќи дека не може да има разговори за прекин на огнот или мир и дека не ги разбира оние кои предвидуваа брз колапс на руските одбранбени линии.

Сепак, додаде тој, Русија, а не Украина, има причина за загриженост.

Нејзината прва одбранбена линија на многу важната јужна оска во Запорожје веќе е пробиена на некои места, што значи дека операцијата за прекин на копнените врски меѓу Русија и Крим може да се изврши само пред зимата“, вели Кирило Буданов

Како што додаде, спротивно на она што го декларира, Русија нема апсолутно никакви стратешки резерви.

Коментирајќи ги најавите дека Русија е подготвена да ја засили мобилизацијата, Кирило Буданов истакнува дека бројот на луѓе е единствената очигледна предност што Русија се уште ја има пред Украина.

Човечките ресурси во Русија се, релативно кажано, неограничени. Квалитетот е низок, но количината е доволна. Што се однесува до другите компоненти на воените напори, руските ресурси се исцрпуваат“, истакна Кирило Буданов.

Тој тврди дека руската економија ќе трае само до 2025 година, а дека протокот на оружје ќе пресуши во 2026 година, а можеби и порано, што, како што наведе, го потврдуваат и разговорите на Владимир Путин со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Ако се е во ред и Русија има доволно ресурси, зошто ги бара низ целиот свет ? Одговорот е очигледен. Нема што да се извлечеш“, тврди Кирило Буданов.

Тој призна дека Украина ризикува да ги загуби сопствените ресурси.

Ние сме зависни од странски играчи. Русија најмногу зависи од себе“, заклучува Кирило Буданов.