Прија блескаше пред Хрватите во екстравагантен фустан од познат бренд (фото)

Пејачката Александра Пријовиќ синоќа на 2 декември го одржа својот втор концерт во Арена Загреб.

Атмосферата и оваа вечер беше на врвот, а Прија за втората вечер подготви специјални стајлинзи.

Сепак, една облека привлече најголемо внимание, тоа е комбинација од сина кожа.

Александра овојпат му остана верна на брендот Александар Меквин, а за ракавици и фустан во необична нијанса потрошила 7.523 евра.

Покрај тоа, таа имаше уште две прекрасни комбинации и во нив изгледаше прекрасно.