Пробаа да го испровоцираат? Вучиќ даде одговор кој никој не го очекуваше

Претседателот на Србија одговори на прашање што го доби од медиум, а новинарот се обиде да го испровоцира Вучиќ.

Претседателот Вучиќ одговараше на прашања на новинарите од Самитот во Гранада.

Едно од прашањата дојде од еден западен медиум, а новинарот не се идентификуваше од која редакција е.

-Дали имате намера да го нападнете Косово?, беше прашањето што го доби шефот на Србија..

Никогаш немавме намера да нападнеме некого. Но, вистинското прашање е дали ја поддржувате Повелбата на Обединетите нации или не? Ако одговорот е да, кога сите зборуваме за Украина, тогаш моето прашање е што е проблемот со Србија? Зошто тогаш не се почитува резолуцијата на ОН? Тоа е она што ни пречи. Ние сме земја која сака мир и стабилност. За таа цел го намаливме присуството на војската на административната линија – рече претседателот на Србија.