Прободени до смрт познати родители! Телата ги пронашла нивната ќерка

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга беа избодени до смрт од непознати напаѓачи во нивниот дом.

Телата ги пронашла нивната ќерка која заминала на посета кај родителите во саботата вечерта.

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга биле избодени до смрт од непознати напаѓачи во куќата во која живееле, јавија денеска државните медиуми.

Официјалната новинска агенција ИРНА го цитираше официјалниот претставник на иранското правосудство Хосеин Фазели кој рекол дека Мехрјуи и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар биле пронајдени мртви со убодни рани во вратот, пренесува АП.

Фазели рече дека нивната ќерка Мона Мехрјуи ги пронашла телата кога отишла да го посети нејзиниот татко кој живеел во куќа во предградие на Техеран, околу 30 километри западно од центарот на градот, во саботата навечер.

Истрагата е во тек, но не се направени претпоставки за мотивите на двојното убиство, иако сопругата на Дариуш Мехрјуи се пожали на закани со нож на социјалните мрежи во последните недели, според АП.

Мехрјуи (83) беше познат како ко-основач на новиот бран на иранската кинематографија во раните 1970-ти, следејќи ја насоката на реализмот. Добитник е на многу награди, вклучувајќи го и Сребрениот Хуго на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго во 1998 година и Златната школка на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан во 1993 година.