Освен што се одлично уживање со шлаг, шеќер или без адитиви, јагодите се и многу здрави. Полни се со витамин Ц, калиум, магнезиум. Затоа е штета да ги фрлите после два дена затоа што почнале да скапуваат, а не се ни ефтини. Како да останат долго свежи доколку купите поголема количина?
Измијте ги во оцет
Измијте ги јагодите во раствор од оцет. Истурете половина чаша алкохолен оцет и 2,5 чаши вода во сад и потопете ги јагодите. Оставете да отстои 5 минути. За тоа време, оцетот ќе ги отстрани бактериите и спорите на мувла кои предизвикуваат гниење на овошјето. Исплакнете ги добро и ставете ги на крпа да се исушат целосно. Потоа чувајте ги на сува крпа во фрижидер . Ќе бидат свежи со денови. И не грижете се – нема да мирисаат на оцет!
Замрзнете ги
Јагодите ќе останат долго во купената состојба доколку ги замрзнете. Измијте ги и наредете ги во плех во еден ред, па ставете ги во замрзнувач да се замрзнат. Потоа пакувајте ги во кеси или пластични садови со капак и ставете ги во замрзнувач. Користете по потреба. Кога ќе се одмрзнат, овие јагоди се кашести, па може да се користат како додаток на овесна каша, јогурт, правење мармалад, колачи.