Провокативни фотографии на Сандра Африка од јахта! Пејачката со жешки кадри го запали брегот: Новите силикони си го направија своето (ФОТО)

Пејачката Сандра Африка веќе секое лето престојува во Црна Гора каде има закажано настапи, а многу често ги почестува своите обожаватели со жешки фотографии.

Сандра редовно им известува на своите следбеници за своите гостувања, како и за времето кое го поминува уживајќи во пловењето по Јадранското Море, а овој пат машката фантазија ја разгоре со своите минијатурни бикини.

Таа позираше во црвен костим за капење, во преден план беа нејзините гради кои неодамна ги коригираше, па не е ни чудо зошто го зеде епитетот на една од најатрактивните пејачки од балканската естрада, бидејќи многу се грижи за својот изглед.

Инаку, Африка е на јавната сцена веќе една деценија, а оттогаш објавува само хитови, а нејзините бројни песни се незаменлив дел од секоја прослава.