Висок фински советник за надворешна политика го критикуваше палењето на Куранот во Шведска и другите неодамнешни анти-турски настани. Советникот додаде дека финскиот министер за надворешни работи сега признал дека она што се случува меѓу Анкара и Стокхолм, исто така, може да има негативно влијание врз неговата земја.
Во вторникот, финската министерка за надворешни работи Пека Хаависто рече дека земјата може да размисли за влез во НАТО без Шведска, ако одобрувањето од Туркије дополнително се одложи.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатиот мај, напуштајќи ја својата долгогодишна политика на неутралност. Оваа одлука беше поттикната од руската војна против Украина која започна во февруари 2022 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот предупреди дека Шведска не треба да очекува поддршка за нејзината апликација во НАТО, откако дозволи палење на Куранот пред Амбасадата на Туркије во Стокхолм и по неодамнешните антитурски протести на курдските групи кои ја поддржуваат терористичката група ПКК.
На 21 јануари, Расмус Палудан, екстремно десничарски шведско-дански политичар, запали копија од муслиманската света книга Куран, пред турската амбасада во Стокхолм, под полициска заштита и со дозвола од властите, привлекувајќи бран на осуди од целиот арапски и исламски свет.
Анри Ванханен, кој до неодамна беше советник за надворешна политика на Финската Национална Коалициона Партија која е на трето место според претставниците во парламентот, изјави дека најавата на Хаависто е поврзана со она што неодамна се случуваше меѓу Туркије и Шведска.
Според Ванханен, настаните од 21 јануари и изјавата на Ердоган во понеделникот се меѓу клучните прашања што ја натераа финската влада да ги преиспита своите одлуки поврзани со процесот на аплицирање за членство во НАТО.
Тој рече дека Хелсинки е загрижен дека неодамнешните активности во соседната земја би можеле дополнително да ја забават ратификацијата на Шведска во НАТО, а за возврат може негативно да влијаат на шансите на Финска да се приклучи на Алијансата.
Ванханен, научен соработник во Финскиот институт за меѓународни односи, рече дека идејата Финска и Шведска одделно да се движат кон членството во Алијансата секогаш била можност, но во исто време, тоа не е нешто што Финска или НАТО би сакале да го видат идеално.
Откако започна процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО минатиот мај, сосема е очигледно дека има можеби повеќе проблеми во односите меѓу Туркије и Шведска отколку меѓу Туркије и Финска“, изјави Ванханен.
Хаависто призна дека она што се случува меѓу Туркије и Шведска може да има влијание и врз Финска, рече Ванханен.
Според Ванханен засега, Финска не брза да донесе дефинитивни одлуки во однос на одвоени преговори за НАТО со Анкара бидејќи ратификацијата не се очекува пред ова лето.
„Меѓутоа, ако на ратификацијата се чека, по следното лето, следната есен, и крајот на годината, тогаш, мислам дека треба да размислуваме за ситуацијата поинаку. Но, има долг пат до тоа, така што нема потреба да се брза“, рече Ванханен.
Провокациите не помагаат никому
Запрашан дали е изненаден што неодамнешните случувања што ја фрустрираа Анкара беа дозволени од Шведска среде дипломатските преговори, Ванханен изјави дека се надева дека Шведска ќе најде конструктивен начин да се справи со прашањата.
Тој, исто така, рече дека настаните што се случија во Шведска имаат негативно влијание врз сите во Финска и Шведска и дека тие се целосно непотребни.
„Исто така, се надевам дека иако има слобода на изразување и слобода на медиумите што Шведска, а исто така и Финска, сакаат да ги нагласат, има и одговорност, можете да се држите до своите вредности без непочитување кон другиот“, смета Ванханен,
Се надева дека ова е нешто за што размислуваат во Стокхолм и нешто за што можеби Финска може да ја поттикне и Шведска да размислува.
„Владините функционери мора да разберат дека ќе има моменти кога некој ќе треба да се занимава со прашања за кои имате различен став, дури и меѓу сојузниците, тоа е само основна дипломатија“, вели тој.
Терористичката група ПКК да не се сфаќа несериозно
Терористичката закана од ПКК е прашање број еден во тековните разговори за НАТО меѓу Финска и Туркије, а според Ванханен, нордиската земја моментално е во процес на обновување на законодавството во делот за тероризам.
„Во Финска разбираме дека кога ќе се приклучиме на алијансата, мора да ги земеме предвид сите потенцијални закани за нејзините членки, вклучително и Тукије. ПКК е дефинирана како терористичка организација од Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, а оттука и во Финска, рече Ванханен.
Терористичката група е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.
Групите кои користат акти на терор и напаѓаат цивили се разбира, природно се гледаатк ако закана и тоа не е нешто за што размислуваме лесно“, изрази тој.
Откако ќе влезат во НАТО, Финска и Шведска треба да усвојат посеопфатен пристап за различни видови закани, вклучувајќи го и тероризмот, рече Ванханен, мислејќи на неодамнешниот трилатерален договор со Турција.
Минатиот јуни, Туркије и двете нордиски земји потпишаа меморандум за решавање на легитимните безбедносни грижи на Анкара, отворајќи го патот за нивното конечно членство во алијансата.
Туркије, долгогодишна членка на НАТО, упати приговори за кандидатурите за членство на двете земји, критикувајќи ги дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи.
Трилатералниот договор бара Финска и Шведска да не дадат поддршка на терористичките групи, вклучително и ПКК, нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) – групата која стои зад поразениот обид за државен удар во Туркије во 2016 година. Во договорот, исто така, се вели дека Анкара им дава целосна поддршка на Финска и Шведска против заканите за нивната национална безбедност.
Сите 30 земји-членки на НАТО треба да одобрат какво било проширување на алијансата.