Провокација за Лавров: Рускиот министер за надворешни работи доби срамна порака на масата на самитот на ОБСЕ!
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ што од денеска се одржува во Скопје, објавено е на Фејсбук страницата на руската амбасада во Македонија.
Според информациите, Лавров добил порака дека неговото место на самитот на ОБСЕ, кој започна во главниот град на Северна Македонија, е „резервирано за НАТО“ , пренесува агенцијата Мак факс.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека на масите во салата има јасна манифестација на она за што зборува Лавров.
– На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ јасно се манифестира она за што Сергеј Лавров зборуваше во своето обраќање: „Под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивна идеологија на НАТО“, истакна Захарова .