Ланеја Грејс стана позната уште како мало девојче поради својата неверојатна убавина.
Ланеја има американски, шпански и филипински корени, а уште како шестгодишно ја освои титулата најубаво девојче на светот.
Кариерата како модел ја започнала кога имала само три години, но откако ставила загради на забите, извесен период престанала да се занимава со таа работа.
По тој период, таа продолжи да соработува со познати брендови и ги красеше насловните страници на бројни модни списанија.
Денес Ланеја има 20 години и сè уште се занимава со манекенство. Таа се појави во неколку спотови како оној за хитот на Авичи „Wake Me Up“, а наскоро ќе се појави и во филмот „72 Hours“.
Таа се уште е успешна во светот на манекенството. На Инстаграм има речиси 300 илјади следбеници.