Таа беше прогласена за жена со најубаво лице, но малкумина се сеќаваат како изгледала порано, пред пластичните операции.
Манекенката Бела Хадид денеска, 9 октомври, го слави својот 28 роденден . Многумина сè уште ја нарекуваат најубава жена на светот, а оваа титула ја доби во 2022 година врз основа на „златниот пресек“, кога научниците открија дека го има најубавото лице. Нејзината кариера се уште е на нагорна патека, а таа станува се попопуларна.
Таа неодамна се врати на модната писта по двегодишна пауза поради здравствени проблеми, кога прошета за брендот Сен Лоран , на радост на милиони нејзини фанови ширум светот. Таа е влијателна на социјалните мрежи, па често е инспирација за многу дами, а во манекенството долго време е на самиот врв на скалилата.
Таа неколку години ги носи ревиите на големите модни брендови како „Викторија сикрет“, „Џорџо Армани“ и многу други, а ги красеше и насловните страници на најпрестижните списанија.
Во светот на модата влезе кога имаше само 16 години, а во 2016 година беше прогласена за модел на годината.
Погледнете како изгледаше познатата манекенка, чија сестра Џиџи Хадид исто така е позната и препознаена на овој свет под рефекторите.
Кога велиме некогаш, мислиме на периодот пред пластична операција…
Бела Хадид денес има 61 милион следбеници само на Инстаграм, а нејзините објави се речиси секојдневни.