Прогласен е за најздрав зеленчук на светот, а речиси никој не го јаде

Крес има силни својства за детоксикација, а научниците постојано ја нагласуваат неговата неверојатна ефикасност во борбата против ракот.

Крес е повеќегодишно тревно растение од семејството на зелка, а неодамна е прогласен за најздрав зеленчук во светот. Со резултат од 1000 од 1000 на Индексот на збирна густина на хранливи материи ( ANDI ), овој занемарен зеленчук добива совршени резултати.

Крес доби и највисока оцена според ЦДЦ индексот на Центрите за контрола и превенција на болести.

слика

Според американскиот Национален институт за рак (NCIA), крес помага во поправка на оштетените клетки, ги уништува хемикалиите кои му штетат на телото, па дури и може да помогне во борбата против ракот. Содржи повеќе витамин Ц од агрумите како што се портокалите и лимоните. Но, исклучителните здравствени придобивки од овој евроазиски зеленчук не застануваат тука.

Богат е со фолна киселина, витамин Б познат по својата улога во функцијата на мозокот и може да придонесе за когнитивното здравје, да ја подобри меморијата и да помогне во контролата на стресот.

Исто така, според истражувачите, крес може да игра важна улога во заштитата на спортистите од разни повреди. Спортистите кои јадат крес имаат повеќе придобивки од напорните вежби и помалку можности за разни оштетувања на ткивото – велат тие.

Малку калории

Во 100 грама има само 11 калории, па можете без каење да ги вклучите во исхраната.

Поради високата содржина на витамин К, се препорачува за остеопороза и Алцхајмерова болест. Крес им дава на садовите малку пиперкаст вкус, а неговите листови може да се подготват за салата, да се додадат во сендвичи, свежи сокови, супи.

Конзумирајте крес во умерени количини, бидејќи прекумерното внесување може да ги иритира мочниот меур, бубрезите и желудникот.

Кој би помислил на почетокот дека тие мали, обични зелени лисја се такви херои!