ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН: Осуден Мирољуб Петровиќ!

Одземени му се предметите на извршувањето на делото – тинктури, екстракти, чаеви и сокови, се вели во соопштението на Вишиот суд во Лесковац.

Во Лесковац е завршена постапката против Мирољуб Петровиќ од Петровац, кој е прогласен за виновен за кривичното дело надрилекарство и надриапотекарство и осуден на парична казна од 100.000 динари .

Притоа, одземени му се предметите на кривичното дело тинктури, екстракти, чаеви и сокови , се вели во соопштението на Вишиот суд во Лесковац.

Како што е наведено, така одлучил Вишиот суд во Лесковац, со чие решение е одбиена жалбата на Основното јавно обвинителство Лесковац, наведена во делот на одлуката за кривични санкции и е потврдена пресудата на Основниот суд во Лесковац.