И оваа година главниот град на Австрија е на првото место на листата на EIU (Economist Intelligence Unit) на најдобри градови за живеење во целиот свет.
Меѓу дури 173 градови, Виена се карактеризира како најдобро место за живеење. Со исклучок на здравствениот и образовниот систем, во таа прилика беше анализирана и инфраструктурата, а потоа стабилноста и животната средина.
На второто место на оваа престижна листа е данскиот Копенхаген . Иако неодамна беше надвор од листата на 10 најдобри градови за живеење, Сиднеј оваа година го зазеде четвртото место, а му претходеше уште еден австралиски град – Мелбурн. На овогодинешната листа се најдоа дури три града во Канада и тоа Ванкувер, Торонто и Калгари, кој го дели седмото место со Женева.
„Укинувањето на ограничувањата поврзани со Ковид-19 во целина укажа на добри услови за живот во светот во текот на оваа година“, рече Упасана Дут од EIU, според Си-Ен-Ен. Таа, исто така, изрази очекувања дека, бидејќи и економската и политичката моќ полека се движат кон исток, градовите во тие региони ќе забележат мало подобрување во позиционирањето на оваа листа.
Интересен е податокот дека, на пример, Единбург лани го зазеде 35-тото место, а годинава падна на 58-та позиција, иако и Лондон и Стокхолм годинава забележаа значителен пад.
„Ниту еден од овие градови не забележа особено остар пад на нивните индексни резултати, но тие не успеаја да го постигнат напредокот што многу градови, како што се азиските, го постигнаа во изминатата година“, се наведува во извештајот.
Дури 76,2 од можни 100 максимална просечна оценка годинава, што е и рекорд за претходните 15 години. Најмногу се подобрија резултатите од здравствениот систем, а зголемени се и параметрите поврзани со инфраструктурата, како и културата, образованието и забавата.
Листата на 10 најдобри градови за живеење во 2023 година, од кои два го делат седмото место, изгледа вака:
1. Виена, Австрија 2. Копенхаген, Данска 3. Мелбурн, Австралија 4. Сиднеј, Австралија 5. Ванкувер, Канада 6. Цирих, Швајцарија 7. Калгари, Канада 7. Женева, Швајцарија 9. Торонто, Канада 10. Осака, Јапонија