Проговори принцот Вилијам, ја спомна сопругата Кејт

Додека целиот свет шпекулира дека бракот на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт е во криза, самиот принц проговори и донекаде стави крај на гласините.

Имено, принцот ја пофалил работата на сопругата со малите деца, за време на конференцијата на која учествувал.

Вилијам се приклучи на состанокот на локалната коалиција Homewards Шефилд во галеријата Милениум во Јужен Јоркшир за да разговара за начините за ставање крај на бездомништвото.

Кога извршната директорка на Градскиот совет на Шефилд, Кејт Џозеф ја отвори темата за детството, Вилијам веднаш го спомна успехот на проектите на Кејт.

„Мојата сопруга се занимава со тие работи, таа треба да биде тука сега“, рече Вилијам со насмевка, кревајќи ги рацете.

Принцот пристигна во Шефилд со автомобил и се прошета низ Зимските ботанички градини.