„ПРОДАДЕ ВЕЛОСИПЕД И КУПИ АВТОМОБИЛ“ : Ања купила Фолксваген за 250 евра, а со него добила и уште еден сет гуми !

Бидејќи сме навикнати да се среќаваме со огромните цените за возилата , без разлика дали се нови или користени, Ања имала среќа да наиде на продавач во Германија кој нуди Volkswagen Lupo од 2005 година по цена од 250 евра.

  • Во Германија ми купија автомобил за 250 евра. Колата е 2005 година, нема клима, нема електрични лифтови, но е одлична за работа. Всушност, го продадов мојот велосипед за да купам автомобил . Зачуван е внатре и надвор. Добив ТУВ две години, а агенциски услуги, регистрација и регистарски таблички плативме 100 евра – вели Ања.


Таа нагласи и дека добиле уште еден комплет гуми, кои за парите се повеќе од одлични или како што наведува „жал ти е да не ги земеш“.