Продолжуваат судирите во Судан: Војската ја бомбардираше претседателската палата

– Суданската војска синоќа ги изведе првите воздушни напади врз претседателската палата, која од април е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).

Армијата изведе жестоки воздушни и артилериски напади и врз позициите на РСФ во Картум, Омдурман и Бахри.

Од друга страна, од Силите за брза поддршка соопштија дека го опколиле Генералштабот на суданската војска, кој се наоѓа во близина на претседателската палата.

Властите на Соединетите Американски Држави, Норвешка и Велика Британија ги повикаа завојуваните судански сили на итен прекин на непријателствата.

Интензивните судири траат повеќе од 100 дена меѓу војската и РСФ, особено во стратегиските подрачја околу главниот град Картум и во западниот дел на земјата.

За време на судирите животите ги изгубија повеќе од 3.000 луѓе, десетици илјади беа ранети, а околу четири милиони се раселени, додека најголем дел од насилствата се концентрирани околу главниот град.