Продолжува мистеријата на урнатиот авион! Се огласија властите во Казахстан: Еве што откри истрагата (ФОТО)
Истрагата во Казахстан не покажа дека азербејџанскиот патнички авион што се урна во средата бил соборен од руската авијација, изјави сообраќајниот обвинител на областа Мангистау, Абилајбек Ордабаев.
„Истрагата во Казахстан не доведе до заклучок дека руската воздушна одбрана го соборила азербејџанскиот авион“, рече обвинителот.
Властите на Казахстан изјавија и дека „ниту може да се потврди, ниту да се негира дека руската воздушна одбрана го соборила азербејџанскиот авион“. Најавено е дека и денеска не можат да дадат официјално објаснување за тоа што се случило, пренесе Ројтерс.
Од друга страна, како што пренесува Euronews, повикувајќи се на извори од азербејџанската влада, прелиминарната истрага покажала дека руска ракета земја-воздух го предизвикала соборувањето на авионот на Азербејџан ерлајнс во средата во Казахстан.
Според изворите, проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на воздушната активност на беспилотни летала над градот Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и екипажот во кабината откако дронот експлодирал покрај авионот за време на летот.
Владини извори за Euronews изјавија дека на оштетениот авион не му било дозволено да слета на ниту еден руски аеродром и покрај барањата на пилотот за итно слетување и му било наредено да прелета преку Каспиското Море до градот Актау во западен Казахстан.
Според податоците, GPS навигациските системи на авионот биле заглавени во текот на целата патека на летот над морето.
Ракетата била истрелана од системот за противвоздушна одбрана Pancir-S, објави весникот „AnewZ“, повикувајќи се на извори од азербејџанската влада.
Меѓу жртвите има и државјани на Русија, како и оние од соседните земји, јавува Јуронујз.
Авион на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни кога излетал од курсот и се урнал вчера додека се обидувал принудно да слета во близина на градот Актау во Казахстан откако го прелетал Каспиското Море.
Во Азербејџан денеска е прогласен ден на жалост поради авионската несреќа во која загинаа 38 лица, а 29 преживеаја, додека причината за авионската несреќа cè уште не е позната.