Продолжува потрагата по затрупаните рудари во рудникот за злато во Турција

Стотици спасувачи во Турција денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато на истокот на земјата кој беше погоден од огромен одрон.
Свлечиштето започна во вторникот во рудникот Коплер, во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција, пренесува АП.

Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени тимови, се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека се затрупани во рудникот, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Покрената е истрага за оваа катастрофа, а експертите во меѓувреме предупредија дека лизгањето на земјиштето може да претставува ризици за животната средина.

Овој рудник беше затворен во 2020 година по истекување на цијанид во река што минува низ Турција, Сирија и Ирак. Повторно беше отворен две години подоцна, откако компанијата беше казнета и беше завршена акцијата за чистење, пренесува Танјуг.