Продолжува сагата меѓу Карлеуша и Митровиќ: Одговори на нејзиното барање да гостува со Цеца, а потоа призна дека е лажга (фото)
Откако Жељко Митровиќ призна дека Јелена Карлеуша нема забрана на неговата телевизија, ЈК побара да гостува во емисијата заедно со Цеца Ражнатовиќ.
На големо изненадување на сите, сопственикот на Пинк одговори на ова „молба“.
Жељко и’ објаснил дека животот е многу поубав кога нема кавги и дека животот трае 30.000 дена, а секој ден поминат во кавга е залудно потрошен.
Обожавателот на пејачката веднаш му испратил порака, каде што го обвини дека е лажго затоа што, како што тврди, го цензурираат нејзиното име секогаш кога некој ќе ја пофали.
На тоа одговори Митровиќ, кој рече дека тој не лаже, туку Карлеуша лаже, а цензурирањето го прават роботи, а не луѓе.