Продолжува хаосот поради убиствата на децата: Голем метеж по улиците, летање цигли и димни бомби; Повеќе од 150 уапсени
Во Плимут, Англија, се собраа две ривалски групи демонстранти и полицајците се обидоа да го зачуваат мирот меѓу нив, пренесува Sky News.
Антимиграциските демонстранти фрлаа пиротехнички средства кон собраните да ги бранат правата на мигрантите.
Интервентната полиција се обидела да ги раздвои, но тие меѓусебно фрлале шишиња, цигли и пиротехнички средства.
Досега се повредени најмалку тројца полицајци.
Во исто време, демонстрантите со балаклави (фантоми) веејќи палестински знамиња искршија автомобил во Бирмингем.
Тие го нападнале автомобилот додека возачот се обидувал да побегне.
Повеќе од 150 лица беа уапсени во немирите во Велика Британија минатиот викенд, кои започнаа по смртта со нож на три девојчиња во Саутпорт.
Синоќа, британскиот премиер Кир Стармер рече во обраќањето до нацијата дека „ќе направи се што е потребно за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата“ и да ја почувствува „целата сила на законот“, мислејќи на вчерашниот напад на демонстрантите врз хотелот. каде барателите на азил престојуваат во Родерхам, објави Би-Би-Си.
Во нередите во тој град вчера беа повредени најмалку 10 полицајци, а насилни сцени можеше да се забележат и вчера во Тамвард, Мидлсброу и други делови на Велика Британија.
„Луѓето во оваа земја имаат право да бидат безбедни, а сепак видовме напади врз муслиманските заедници, напади врз џамии“, рече Стармер во вчерашното телевизиско обраќање.
Тој изјави дека цел на демонстрантите биле и други заедници.
„Нацистички поздрави на улица, напади врз полицијата, насилство со расистичка реторика, затоа нема да се двоумам да го наречам со вистинското име: екстремно десничарско насилство“, рече британскиот премиер.
Немирите и протестите беа предизвикани од напад со нож на 29 јули во градот Саутпорт, кога 17-годишник уби три девојчиња на час за танцување.