Продолжува чистката во Москва, ,,падна” и Спартак! На Генералот му ставија лисици, премногу зборуваше? Го нападна Шојгу, еве зошто е уапсен (фото/видео)
Поранешниот командант на руската 58-ма армија, генерал Иван Попов, е уапсен под сомнение за „измама од големи размери“ , објавија денеска руските медиуми.
Агенцијата ТАСС пишува дека воениот суд му одредил притвор на генерал-мајор Попов
Овој висок руски командант ја критикуваше руската војска и нејзините воени напори во Украина.
Попов минатата година изјави дека бил отпуштен откако на военото раководство му ја кажал вистината за тогашната страшна состојба на војниците на линијата на фронтот во Украина.
Попов, чиј воен прекар беше Спартак, и кој командуваше со руските единици на југот на Украина, истакна дека голем број руски војници биле убиени од украинската артилерија.
Тој исто така тврдеше дека руските војници немаат соодветно оружје и извидувачки системи за да се спротивстават на тоа.
Во видеото објавено на социјалните мрежи од рускиот пратеник и поранешен воен командант Андреј Гуруљов, Попов рече дека бил отпуштен од поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, откако изразил загриженост кај руската воена команда.