ПРОНАЈДЕНА ДЕВОЈКАТА КОЈА ЈА БАРАШЕ ЦЕЛА РОМАНИЈА – 13-годишното девојче било пронајдено во куќа на 34-годишен маж кој ја силувал и уценувал со експлицитни снимки

Девојка (13 г.), по која се трагаше шест дена, претходната вечер е пронајдена во Романија во машка куќа, а по докторски преглед било утврдено дека девојчето било силувано.

Тинејџерката, чии родители понудиле награда од 10.000 евра за каква било информација за неа, била пронајдена во градот Сигет Мармачиј, во куќата на маж (34 г.), кого наводно го познавала од порано.

Наводно, осомничениот поседувал нејзини експлицитни фотографии и ја уценувал со истите.

По шестдневно интензивно пребарување со хеликоптери, беспилотни летала и бродови, девојката случајно ја пронашол локален полицаец кога влегол во куќата, а таа веднаш се фрлила во неговите раце.

Таа била киднапирана во куќа во центарот на градот, а полицаецот влегол во куќата откако локален жител пријавил дека мислел дека ја видел девојката.

Полицаецот во цивилна униформа упаднал во куќата и го нашол детето како седи на душек на подот.

Кога ја најдов, таа стана и истрча во моите раце. Очигледно беше дека детето е исплашено, трауматизирано. Кога ја видов, искрено, срцето ми застана. Не верував дека е таму… Бев пресреќен што ја пронајдов“, рекол Флорин Чиобану, командант на станицата во грасот Сигет Мармачиј.

Како што информираат од полицијата, осомничениот веднаш бил приведен.

Се уште не знаеме дали девојката е задржана таму против нејзина волја. Не знаеме дали ја киднапирал или сама дошла… Сепак, првите изјави сугерираат и на двете сценарија“, рекол Флорин Чиобану.

Полицијата верува дека осомничениот и девојката се познавале од порано. Според некои информации тие комуницирале преку пораки. Девојката му испратила експлицитни фотографии на осомничениот, а потоа тој се заканил дека ќе објави се на Интернет.

Првите докторски наоди покажуваат дека девојката имала сексуален однос, но се уште не е јасно дали осомничениот ја принудил на тоа. Секако, тој е обвинет за силување, бидејќи според законот не се дозволени сексуални односи со лица помлади од 16 години или доколку има 5 години разлика во возраста.

Соседите на осомничениот се шокирани што девојчето е пронајдено во нивното маало.

Девојката исчезнала од својот дом на 7. ноември и била фатена од безбедносните камери во градот кога пристигнала во центарот на Сигет Мармачиј околу пладне. Околу 17 часот камерите на една продавница ја снимиле како купува вода. Детето било само и не барало помош. Но, во првиот кадар имала јакна на себе, а во вториот не.

Истиот ден родителите го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција и понудиле 10.000 евра на секој кој би можел да им помогне да ја пронајдат.

Девојчето моментално е во болница каде добива терапија и психолошка поддршка. Според неофицијални информации, на девојката и биле констатирани повреди на двете раце.