Веста дека почина актерот Метју Пери го шокираше светот.
Според извештаите, во неговиот дом не биле пронајдени наркотици, иако се знаело дека во минатото имал проблеми со нив.
Сепак, според извор близок до истрагата, пронајдени се разни лекови кои може да се набават само на рецепт.
Властите пронајдоа антидепресиви, лекови против анксиозност и лекови за ХОББ во домот.
ХОББ значи хронична опструктивна белодробна болест – тој лек често се користи за луѓе кои имаат емфизем или хроничен бронхитис. Метју бил пушач во текот на целиот свој живот.
Судскиот лекар од округот Лос Анџелес ќе изврши токсиколошки тест за да утврди дали имало лекови во системот на Пери, но тоа може да потрае со месеци, пишува TMZ.