Пронајдени двајца малолетници пријавени дека се оддалечиле од домот на територија на Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 14 часот ги пронашле двајцата малолетници кои од страна на нивната мајка М.М. денеска околу 04 часот биле пријавени дека се оддалечиле од домот.

Како што информираа од МВР, двајцата малолетници и претходно неколку пати се оддалечувале од домот и биле враќани од страна на полицијата.

– Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и малолетниците се пронајдени и ќе бидат вратени на родителите, појаснуваат од МВР.