Пронајдено едно од трите исчезнати момчиња од Хрватска: Тинејџерот бил лоциран, но нема трага од неговите врсници Патрик и Иван! (фото)

Вечерва е пронајдено едно од трите 14-годишни момчиња кои исчезнаа во Хрватска за само 24 часа!

Пронајден е Лукас Кираљ Јеремиќ кој бил во Риека.

Во текот на изминатите денови во хрватската полиција било пријавено исчезнувањето на три момчиња родени 2009 година. Едно од нив е пронајдено.

Патрик Гек, Иван Шнајдер, Лукас Кираљ Јеремиќ

Иван Шнајдар, кој се оддалечи од својата адреса во Загреб, исчезна прв на 7 јануари, Лукас Кираљ Јеремиќ исчезна еден ден подоцна во Риека, а истиот ден во Загреб исчезна и Патрик Гек.

Станува збор за рецидивисти, па наскоро се очекува нивното враќање во домовите.

– Претпоставуваме каде се децата, но имаме различни причини и елементи кои ни го отежнуваат конкретниот наод – изјави за РТЛ Анита Матијевиќ, раководител на Одделот за малолетничка деликвенција и криминалистика на МВР.

Патрик Гек, Иван Шнајдер, Лукас Кираљ Јеремиќ

Таа рече дека без разлика дали знаат дека некои деца се изложени на поголем или помал ризик при бегството, во секое од тие исчезнувања вложуваат максимални напори детето да се најде во најкус можен рок.