Пронајдено е и телото на момчето кое со мајка си и сестрите скокна во реката Бојана: Полицијата сè уште трага по Алма (фото/видео)
Телото на четиригодишното момче кое се удави во Бојана со мајка му и сестрите, пронајдено во вторникот по тридневна потрага!
Полицијата го пронашла телото на момчето во Бојана, кај селото Облике, на неколку километри од местото каде што претходниот ден беше пронајдено телото на неговата осумгодишна сестра. Потрагата по телото на мајката продолжува.
Веста ја потврди градоначалничката на Скадар, Мајлинда Ангони.
-Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваат во акцијата и помагаат што побрзо да се пронајдат жртвите. Сакам да им се заблагодарам и на селаните кои доброволно се пријавија да помогнат. Само што добивме вест дека е пронајдено третото дете и се надеваме дека наскоро ќе ја најдеме и последната жртва на трагедијата. Ќе останеме овде додека не ја најдеме мајката на децата – рече Ангони.
Алма Арази, да потсетиме, во четвртокот вечерта со три деца, скокна во реката Бојана, од стариот мост во Скадар. Рибар во саботата вечерта случајно го пронашол телото на деветгодишната Ергеза , додека телото на осумгодишната Грејси било извлечено од Бојана вчера.
Ергис Арази, сопруг и татко на деца, беше уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал самоубиството на неговото семејство.