ПРОНАЈДЕНО МРТВО ТЕЛО НА ПЕЛИСТЕР – ЦУК се обидува да ситгне до местото на несреќата

Телото на планинарот со иницијали А.С. е пронајдено денес на планината Пелистер, соопшти државниот Центар за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, постар планинар од Скопје бил пронајден во близина на ловечки дом, на надморска височина од околу 2.000 метри.

Од ЦУК соопштија дека се обидуваат да дојдат до телото на мажот и да го пренесат на првото место каде што може да се приближи екипа на Итна помош, бидејќи теренот е непрооден, додека на планината има снег.

Истрагата ќе ги утврдува причините и околностите за смртта.