ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ СКОПЈАНЕЦ – Пред гаража во Општина Кисела Вода бил пронајден мртов човек на возраст од 65 години
Пред гаража на подрачје на општина Кисела Вода, бил пронајден починат Љ.С., на возраст од 65 години, од Скопје. Ова било пријавено синоќа во 22:30 часот во СВР Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.