Целиот регион го потресе вестта дека малолетната Вања Горчевска (14) е пронајдена мртва. Вања била убиена во понеделник наутро, дента кога била и киднапирана.
Вања исчезнала на 27 ноември на пат кон училиште, а нејзиното тело било пронајдено вчера во село меѓу Скопје и Велес. Пронајдено е и телото на велешанецот Панчо Жежовски (74), чие исчезнување беше пријавено на 22 ноември. За убиството на Панче и Вања, според обвинителството, стојат исти лица.
За неописливата трагедија скршена од исходот за кој сите се надеваа дека нема да се случи проговори и познатата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ.
– Тага… Беспомошност… Гнев… Прости ни, Вања. Сочувство до семејството – напиша Тијана со скршено срце и црно-бела фотографија од девојчето – жртва, како и цитат посветен на неа.
Да потсетиме, последните информации за овој трагичен настан се дека киднапирањето на Вања Горчевска (14) го организирал нејзиниот татко, изјави на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.