Протекуваат детали од страшната несреќа во која загина поранешен играч на Партизан: Еве што возел тој кобен ден

Откако се судрил со теренец кој доаѓал од спротивната насока, Гордон починал на лице место.

Кошаркарската јавност ја погоди веста за сообраќајната несреќа во која загина 33-годишниот Дру Гордон. Поранешниот играч на белградски Партизан имаше само 33 години, а сега се откриени деталите од кобниот настан.

Според американските медиуми, во моментот на несреќата Гордон управувал мотоцикл (возило на три тркала) над кое изгубил контрола кога од спротивната насока се судрил со џип и починал на лице место. Од друга страна, возачот и сопатникот од теренецот веднаш биле префрлени во болница и на крајот излегле само со полесни повреди.

По завршувањето на универзитетската кариера, Гордон одигра една сезона со Партизан пред да продолжи да игра за многу европски клубови. Тој имаше можност да игра и во НБА, каде одигра осум натпревари за Филаделфија 76ерс. Сепак, тој не се истакна значително во НБА, па кариерата ја продолжи надвор од САД.

Играше и за Динамо Сасари, Банвит, Делавер 87ерс, Шалонс, Лиетовос Ритас, Зенит, Лонг Ајленд Нетс, Зиелона Гора, Автодор, Локомотив Кубан и Будивелник, а последен клуб во кариерата му беше јапонскиот Ризинг Зефир Фукуока.