Скопје и вчера на убедливо прво место на листата на најзагадени градови во Европа, според податоците на специјализираната страна за мерење на квалитетот на воздухот IQAir. Додека пак, на светско ниво најзагадени градови се Ханој, Дака, Калкута, Ташкент,Техеран..
Граѓаните во Скопје излегоа на протестен марш започнувајќи од Министерството за животна средина, Собранието се’ до Владата и упатија прашања до надлежните преку транспарентите „Уште ли за ова ќе протестираме?“ До политичарите апелираа дека сите го дишат истиот воздух.
„Воздухот е многу загаден и мислам дека државата треба нешто да направи за тоа, но очигледно последниве десет години ништо не прави..“
„Едноставно смачено ни е, не сакаме ниту да излеземе надвор од што толку е загаден воздухот..“
Зелен хуман град, Шанса за центар, 02 иницијатива и други невладини организаци, кои се организатори на протесниот марш побараа итно системско справување со аерозагадувањето преку имплементација на ефикасни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Организаторите посочуваат дека загрижувачка е и бројката која секоја година достигнува од скоро 4 000 до 5 000 изгубени човечки животи заради штетните честички. Ккао последница на аерозагадувањето едно од девет починати деца до една годинаго губи животот.
„Треба нешто да се преземе во ригорозни мерки за контролирање на индустријата, затоа што немаме никаква контрола. Имаме многу јавни погони и индустриски капацитети коишто треба да поседуваат на пример Б-дозвола, а воопшто не се регистрирани или се увидени низа неправилности. Затоа ние бараме јавен регистар на сите индустриски капацитети.“ – Марјан Калевски „Зелен хуман град“.
Според податоците на европскиот истражувачкит центар, во 2019 година по смртните случаи од ПМ 2.5 честичките трошокот кон градот Скопје е над 200 милиони евра.
„Навистина не ми е јасно, која е мотивацијата на политичарите и како да допреме до нив, за да ги освестиме. Не знам што да кажам понатаму кога веќе има многу сознанија и за извори на загадувањето и за последиците од загадувањето и за економскиот трошок кој го предизвикува тоа загадување.“ – Јане Димески „Шанса за Центар“.
Горјан Јовановски од „Зелен Хуман град“ на протестниот марш потенцираше дека барањата ги класифицираат во четири категории. Едната категорија е справување со загревањето-во домаќинствата или институциите, посебно оние кои користат мазут, коишто треба да се префрлат на загревање од обновливи енергии-фотоволтаиици, фотоволтаични системи.
Вториот дел е автоцентричноста на градот-без добар јавен превоз и велосипедска мрежа, граѓаните на Скопје и останатите градови, според Јовановски нормално е да користат повеќе автомобили.