ПРОТЕСТИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Објавена снимка на кое се гледа МОМЕНТОТ НА УБИСТВОТО на млад човек во Франција (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Објавено е видеото кое го прикажува моментот кога полицијата го застрела 17-годишниот Нахел М во Франција, што предизвика насилни протести низ целата земја. Содржината на видеото е вознемирувачка. На 27 јули полицијата запрела млад човек додека возел автомобил. На видеото се гледа дека полицаецот пукал во него кога го стартувал возилото откако застанал. После тоа со возилото удрил во оградата на раскрсницата. Нахел почина, а потоа следеа неколкудневни насилни протести. Со оглед на тоа дека имал 17 години не можел да поседува возачка дозвола.
Споменатото се случило во градот Нантер, западно од Париз, а тој израснал во овој град. Тој беше син единец одгледан од неговата мајка Мунија, работеше како доставувач и играше рагби лига. Семејството и познаниците велат дека тој бил љубезен и ненасилен млад човек.
Процесот на неговото образование е опишан како хаотичен. Влегол во училиште во Суренес, недалеку од местото каде што живеел, за да се обучи како електричар. Не бил лош ученик, но веќе и бил познат на полицијата. Адвокатите на семејството тврдат дека тој немал криминално досие.
Нахел е предмет на пет полициски проверки од 2021 година, исто така поради тоа што одбил да го запре возилото. Во една прилика полицијата го запрела додека управувал мерцедес со полски регистерски таблички, а во таа прилика во автомобилот имало две лица и тој во моментот исто така немал возачка дозвола.
Тој, наводно, бил во притвор минатиот викенд, а во септември требало да се појави пред судот за малолетници. Во полициското досие тој е означен како „Тај“. Во септември минатата година му била изречена дисциплинска мерка. Тој бил во судир со законот главно поради возење автомобил без возачка дозвола и користење лажни регистарски таблички. Сепак, тој никогаш не бил осуден, јавува Би-Би-Си.