Припадниците на Специјалната единица за интервенции (ЊСИ) на косовската полиција, заедно со другите специјални единици, протестираа денеска пред зградата на Владата на Косово, со барање за измени во категоризацијата на работните места и поголеми надоместоци за ризик во работата.
Специјалците со истите барања протестираа и на 1 ноември, кога најавија дека ќe организираат нови протести до исполнувањето на нивните барања, но се откажаа од намерата откако премиерот Албин Курти ги повика на состанок. По таа средба Владата на Косово донесе одлука за надоместоци за ризик во работата за припадниците на косовската полиција, но специјалците и полицискиот синдикат изразија незадоволство од таа одлука.