Стотици граѓани на општина Ѓорче Петров денеска напладне излегоа на протест против Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на десеттина згради дел од нив високи и над 20 ката.
Од местото каде трева да се градат зградите учесниците на протестот порачаа дека Ѓорче Петров не може да си дозволи толкави габаритни градби на таков мал простор и побара ревидирање на целиот план и намалување на катноста.
Инаку вчера една третина од советниците на вонредна седница на Советот побараа суспензија на дел од планот, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.