ПРОТЕЧЕ ВИДЕО ОД ПОЖАРОТ НА БРОДОТ ВО ГРЦИЈА! Скратено патувањето на туристите, панично скокале во водата за да се спасат

Пожарот избувнал на брод со патници на кратко растојание од плажата Стегна

Туристички брод со 82 патници на грчкиот остров Родос вчера се запали, а сите патници се евакуирани и префрлени во нивните хотели, објави порталот rodaki.gr.

На социјалните мрежи се појави видео од пожарот. 

Како што пишува „Дејли мејл“, патниците скокнале од бродот поради брзото ширење на пламените јазици.

Итната помош вчера била ставена во готовност, деветгодишно девојче е пренесено во болница со полесни изгореници, како и 50-годишна жена, која исто така се здобила со полесни повреди.

Според лекарите, нивната здравствена состојба не предизвикува загриженост.

Пожарот избувнал на брод со патници на кратко растојание од плажата Стегна.

На местото на настанот се испратени возила на брза помош, распореден е хеликоптер и известена е Капетанијата на пристаништата.